Со голот на Роберто сориано во судиското надополнување, екипата на Болоња славеше со 1:0 над екипата на СПАЛ во воведниот меч од 2. коло во Серија А. Во меч полн со емоции, затоа што на клупата на Болоња се појави Синиша Михајловиќ кој по првата терапија во борбата со леукемијата повторно се појави на стадионот за да го води својот тим.

Навивачите го поздравија громогласно, а играчите се потрудија да му се оддолжат со првата сезонска победа.