Некогашниот капитен на Баерн Минхен и голман на германската репрезентација Оливер Кан, се враќа во клубот. Прво како член на Одборот на клубот, а потоа и како претседател на Баварците, и тоа од 2022 година. Тоа значи легендарниот голман ќе ги наследи Ули Хенес и Карл – Хајнц Румениге, кои сега го раководат клубот од Минхен.

„Голема чест е да се биде на чело на овој клуб. Длабоко сум поврзан со Баерн Минхен, клуб кој засекогаш ми ја обележа мојата кариера како голман“ изјави Кан, кој со Баерн Минхен беше европски првак, а освои и осум титули првак на Бундеслигата.