Брион Брејди имаше кратка авантура во Гостивар. Американецот кој минатата сезона настапуваше за универзитетот Хјустон во аматерската НЦАА-лига и челниците на клубот по само 12 дена ја раскинаа соработката.

23-годишниот центар (203 см) не ги минал лекарските прегледи, па „сино-белите“ ќе мораат да бараат ново засилување на оваа позиција.

Тренерот Марјан Србиноски во моментов тестира играч на позиција четири, но најверојатно заедно со првите луѓе на клубот ќе мораат да тргнат во потрага по ново име.