Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе го заврши како првопласиран првиот тренинг на стазата во Имола.

Иџе го имаше најбрзиот круг со време 1:53.972. Во вториот тренинг нашиот возач беше на 4. место со време 1:54.064

Утре и задутре на патеката „Енцо Ферари“ во која еден круг е долг 4.909 метри, ќе се возат главните трки на која ќе настапи македонскиот возач.

Во сабота трката е закажана за 16 часот, додека во недела ќе се вози во 13:10 часот. Трките ќе бидат пренесувани во живо на МТВ.