Кармело Антони е пред потпис со Бруклин Нетс, тврдат американските медиуми.

Новите засилувања во клубот Кевин Дурант и Кајри Ивринг извршиле дополнителен притисок над првите луѓе на Нетс за да го донесат Антони во тимот, кој е еден од најдобрите стрелци во поновата историја во НБА лигата.

Мело лани одигра само десет натпревари за Хјустон Рокетс и имаше просек од 13.4 поени и 5.4 скокови, но потоа падна во немилост на тренерот Мајк Д’Антони.