Ливерпул сезонава ќе ја брани титулата во Лигата на шампионите, а денешната ждрепка им донесе добра група каде за противници ги добии Наполи, Салцбург и Генк.

Ливерпул повторно ќе игра во група со Наполи, новиот клуб на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој лани сериозно го намали тимот на Јирген Клоп.

„Зар повторно тој Наполи!? Не знам колку пати сум го водел тимот против Наполи, но очигледно е дека се тие добра и искусна екипа. Минатата година Алисон не спаси од елиминација од нив. Тие за малку ќе не исфрлеа уште во групната фаза, но ние на крајот успеавме да дојдеме до титулата“, коментираше Клоп по ждрепката.

„Што се однесува до Салзбург и Генк многумина мислат дека се тоа некои мали екипи, но не е така. Тие имаат млади тимови желни за успех и ќе биде интересно да се игра против нив. Ова не е лесна група, но можеше да минеме и полошо.“