Англискиот фудбалер, Стивен Ворнок, која како стручен коментатор беше дел од отвореното студио на „Скај Спорт“ за ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите, ги навреди фудбалерите на Црвена Звезда именувајќи ги како „полу-аматери и водоводџии“.

Откако таквата негова изјава наиде на жестоки критики на социјалните мрежи тој на Твитер се обиде да се одбрани со статус од каде ја добил информацијата дека Милан Павков наводно работел како електричар. Потоа се обиде да се извини на ФК Црвена Звезда, но комплетно се избламира со оглед на тоа дека ниту извинувањето не го упати на вистинската адреса, туку се извини на кошаркарскиот клуб.