Од Фиќо до Масерати. Тоа е „патот“ на Лука Дончиќ во однос на возилата кои што го има и имал. Имено во екот на подготовките за новата сезона во НБА, Словенецот реши да си се почести со „вистински ѕвер“ од автомобил, а тоа е Масерати вредно 200.000 евра.

Новиот автомобил лично му го доставил директорот на продажба на Масерати Рами Разас. НБА ѕвездата му се заблагодари со дрес на Далас со негов потпис, а потоа се пофали и на „Инстаграм“.