Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини го објави списокот на фудбалери за мечевите со Ерменија и Финска во квалификациите.

Изненадување е изоставувањето на Мојс Кин и на Лука Заниоло, кои беа во минатите натпревари. Меѓутоа двајцата поради лошо однесување, односно доцнење на еден од тренинзите, ќе ги нема на списокот.