Македонаката одбојкарска репрезентација и денеска не успеа да им с еврати на победите во подготвителниот циклус до европското првенство во Словенија. Во полуфиналето на силниот одбојкарски турнир „Бранко Хаџииљовски – Чајка“ во Скопје, нашите одбојкари беа поразени од силната Украина со 3:1 во сетови. По мечот, селекторот Матијашевиќ даде своја оценка на моменталната форма на репрезентацијата.

„Според мене, овој меч беше малку подобар од претходните. Украина е исклучително силен тим и делуваа надмоќно. Меѓутоа имаме уште резерви и мислам дека можеме многу подобро. Во тој прв сет имавме дури и топка за израмнување, па не успеавме по оние нивни асови. Имавме моменти со голем пад на концентрација, но кога игравме добро и имавме добар прием игравме многу рамноправно. ако споредуваме со Шведска, која е многу послаба од Украина, има мал напредок. Имаме уште 13 дена до тој прв меч, имаме многу играчи кои се уште не се влезени во форма по повредите, но има време да се подобрат работите.“, изјави за СПОРТМЕДИА, селекторот на нашата одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ.