МОНСТРУЗОНО! „ДНО – ДНА“ што се вели. Е ова го има само во оваа Македонија. Погледнете само што се случува со симболите на РК Вардар, на најголемиот спортски бренд во нашата земја. Некој си дозволил, или пак некој на некого му дозволил да ги откорне сите ознаки и симболи на двократниот европски шампион од салата СРЦ“Кале“ и истите да ги фрли во ѓубре. Да драги мои, во ѓубре. Па зарем Вардар, нашата спортска гордост заслужи да биде третиран како ѓубре. Секако не.

И да, секако ние засега не обвинуваме никој, со оглед на тоа дека не знаеме ова чие дело е. Ама можеме да кажеме кој и да го сторил ова, секако дека заслужува жестока критика. Вака со РК Вардар не смее никој, ама баш никој, да се однесува.

Само мало потсетување, до пред извесно време концесионер на салата беше РК Вардар, и во таа сала беа вложени околу 350.000 евра. Претходно да не кажеме дека наликуваше на руина, некој се погрижи таа да изгледа пристојно. И така беше.

И јасно, новиот концесионер има право, и треба да ги тргне симболите на стариот, но не и вака да ги искине, откорне, фрли во ѓубре.

РК Вардар не е партија, РК Вардар не е симбол на „десните“ или „левите“, тој е СИМБОЛ НА МАКЕДОНИЈА…

Барем треба да биде…