По поразот воминатото коло на гостувањето кај Рен и големпиот пех со повредит ена двајцата голгетери Мбапе и Кавани, екипата на ПСЖ славеше вечерва на гостувањето кај Мец со 2:0. Ова беше третата сезонска победа за парижани, кои ја бранат титулата во Лига 1.

Првиот гол за ПСЖ го постигна Ди Мариа од белата точка во 11. минута, а конечниот резултат го постави Чупо-Мотинг со гол на две минути пред крајот на првото полувреме. До крајот на средбата ПСЖ имаше шанси и за поубедлива разлика, но резултатот остана непроменет.