Едно од најпопуларните имиња во светскиот фудбал во последниве десетина години, Кристијано Роналдо изјави дека нема да ја заврши кариерата во наредните неколку години.

Според него, би било убаво и тој да оди во пензија, кога тоа ќе го стори напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Португалецот сега има 34 години, а Аргентинецот 32 години.

„Не е невозможно со Меси да ги завршиме нашите кариери во исто време. Со оглед на тоа дека Лионел е две години помлад, мислам дека тоа е добра опција. Јас не сум во лоша форма, и искрено подготвен сум да играм барем уште година, две или три“, изјави Роналдо за „АС“.