Јувентус во групната фаза во ЛШ се падна со А. Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотив Москва. На прашањето што мисли за ждрепката, Португалецот посочи:

„Се надевам дека фановите на А. Мадрид сега нема да ме провоцираат, извикувајќи пароли кои немаат врска со спортот. Се надевам на вистинска битка на теренот. Тоа е само еден натпревар, Атлетико е супер тим, тоа сите го знаеме. Долго бев во Реал Мадрид и многу добро ги познавам“ изјави Роналдо.

Инаку Кристијано на тој меч во Мадрид не им остана должен на фановите на Атлетико, кога во еден момент гестикулираше со петте прсти кон нив, и сакаше да каже…

„Јас сум освоил пет титули во Лига Шампиони, а Атлетико ниту една“.

На крај да се потсетиме како тој на реваншот во Торино му „врати“ и на Диего Симеоне со непристојна гестикулација држејќи се за…