Вчерашната ждрепка за групната фаза во Лигата на шампионите беше будно следена од сите, а британската Скај Спорт се потруди во отвореното студио да направи и стручна анализа на резултатот од истата и да го искоментира изглдот на групите.

Но, на големо изненадување на сите, нивниот аналитичар, поранешен фудбалер на Ливерпул и Астон Вила, Стивен Ворнок, се покажа како не многу стручен и имаше навредлив коментар за фудбалерите на Црвена Звезда кои ги нарече водоинсталатери.

„Она што со сигурност ќе го добиете на тоа гостување се страствени играчи. Тоа е место со непријателска атмосфера, а фудбалерите се исто така вработени на одредено време. А потоа сфаќате дека и лани играа во Лигата на шампионите.

Да тие се вработени на одредено работно време. Многумина од нив кои играа и лани се водоинсталатери и слично. Тоа е само по себе импресивно“, коментираше Ворнок.

Ваквата „стручна анализа“ се чини дека ги збуни сите во студиото…, а Ворнок ја презентираше својата неинформираност кога станува збор за клубовите надвор од островот.

Црвена Звезда во Лигата на шампионите е дел од групата Б заедно со Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос.