Интер објави фотографија на тимска вечера, еден вид на тим-билдинг на која можеа да се видат сите фудбалери, па дури и новите засилувања Лукаку, Бираги, па дури и Алексис Санчез кој само неколку часа претходно беше официјално претставен.

Единствено недостасува Мауро Икарди за кого се шпекулира дека Интер веќе има договорен трансфер, но фудбалерот не сака да си замине.

Монако му нуди 10 милиони евра по сезона, додека Наполи е расположен да прати 65 милиони за неговите услуги, но Икарди и натаму е играч на Интер иако Антонио Конте јасно му дава до знаење дека не смета на него.