На ден пред почетокот на светското кошаркарско првенство во Кина, и селекцијата на Турција го објави својот последен список на кошаркари со кои ќе настапи на првенството.

Турската кошаркарска федерација го објави составот од 12 имиња на кои селекторот Уфук Сарича ќе смета на натпреварите од групната фаза против селекциите на Чешка, САД и Јапонија во групата „Е“.

Изборот на Сарича падна на следните кошаркари: Догус Балбај, Сертач Санли, А.Буграхан Тунчер, Ј. Метекан Бирсен, Мелих Махмутоглу, Еџе Ара, Семих Ерден, Јигит Арслан, Џеди Осман, Ерсан Иљиасова, Фуркан Коркмаз, Скоти Вилбекин.