Актуелниот германски шампион Баерн Минхен го демолира составот на Мајнц со 6:1 на својата „Алијанц арена“ во рамките на 3. коло на Бундес лигата. Интересно, гостите поведоа со погодокот на Ботиус во 6. Минута, а потоа се беше во рацете на Баерн. Пред крајот на првиот дел бековите Бенжамин Павар и Давид Алаба донесоа пресврт, а на стартот на второто полувреме Иван Перишиќ го постигна деби-голот за „баварците“. Натаму погодуваа Коман, Левандовски и тинејџерот Алфонсо Дејвис, на кого ова му беше втор настап за А тимот на шампионот оваа сезона.

Ова беше втора победа на Баерн сезонава (седум бодови) и петта по ред против Мајнц со импресивен ефект 20 дадени и само два примени гола.

И Келн впиша победа на гостувањето кај Фрајбург. „Јарците“ победија со 2:1 иако по првото полувреме губеа со 1:0. Скири во 92 минута ја обезбеди победата за Келн за кои не играше Дарко Чурлинов поради повреда.

 

РЕЗУЛТАТИ, 4.коло

ЛЕВЕРКУЗЕН – ХОФЕНХАЈМ       0:0

БАЕРН – МАЈНЦ              6:1

ФРАЈБУРГ – КЕЛН            1:2

ШАЛКЕ – ХЕРТА               3:0

ВОЛФЗБУРГ – ПАДЕРБОРН         1:1

Standings provided by Sofascore LiveScore