Искусниот стопер и поранешен репрезентативец Владимир Димитровски е пред потпис со Панетоликос.

Тој неколку месеци е без клуб, откако „раскина“ со Работнички. Тоа ќе значи дека повторно би се вратил во Грција, откако во минатото играше за Керкира и за Докса Драма.

Тој влезе во спор со Керкира поради неисплатени плати, и истиот го доби, со што тимот мораше да му исплати на играчот нешто повеќе од 30 илјади евра.