И дефинитивно газда Лазим Дестани треба да дели откази, и тоа од прв до последен. Од тренерот Османи па се до оние кои се мизерија во тимот, а ги има многу. Нова, и тоа каква бламажа на шампионот, кој треба да се засрами. Нов пораз, и тоа од Борец, од херојскит Борец кој има веројатно има 15 пати помал буџет од тетовските „милионери“ кои и од меч во меч, од коло во коло, се срамат себе си, го срамат клубот, го срамат и спонзорот „Еколог“. Во првите четири кола, во тие 360 минути само еден постигнат гол, три порази и тоа од А. Пандев, Силекс и Борец и едвај едно реми, и тоа дома од Македонија ЃП.

Ова во Шкендија не е само криза, ова во Шкендија е тотална БЛАМАЖА.

Нема веќе изговори, нема веќе она – имавме шанси, имавме пенали, игравме добро ама немавме среќа. А бре вие ништо немате, НИШТО…

ГОЛОТ НА ПРЕЛЧЕЦ ЗА ПОБЕДА НА БОРЕЦ НАД ШАМПИОНОТ

БЕСАРТ ИБРАИМИ УТНА ПЕНАЛ