Трета година по ред, Шкендија е шампион во категоријата младинци. Минатата сезона тимот не настапуваше во Лигата на шампионите (шампионски пат), но оваа се враќа на сцената.

Младите играчи на Шкендија до 19 години, овој пат ќе се натпреваруваат, и ќе го добијат својот противни во ждрепката која е закажана за 3. септември (вторник) во Нион.

Ова ќе биде трето учество на нашиот младински шампион во ЛШ. Таму дебитираше Вардар кој одигра со Салцбург, и загуби со вкупни 8:0, а Салцбург подоцна стана европски шампион. Пред две години Шкендија играше со словачка Нитра и беше елиминирана уште во 1. коло.

Потенцијалните противници на тетовскиот младински тим овој пат се:

Сарагоса (Шпанија), Дерби Каунти (Англија), Рен (Франција), Порто (Португалија), Динамо Киев (Украина), Јанг Бојс (Швајцарија), ПАОК (Грција), Митјиланд (Данска), Макаби Петах Тиква (Израел), АПОЕЛ (Кипар), Виторул (Романија), Корона (Полска), Елфсборг (Шведска), Габала (Азербејџан), Лудогорец (Бугарија), Бродарац (Србија), Ренџерс (Шкотска), Минск (Белорусија), Астана (Казахстан), Согндал (Норвешка), Домжале (Словенија), Слован Братислава (Словачка), Шериф (Молдавија), Акранес (Исланд), МТК (Унгарија), Хонка (Финска), Бохемијанс (Р. Ирска), Зрински (БИХ), Лиепаја (Летонија) и Левадија (Естонија).