Фудбалерите на Спортинг изгубија од Рио Аве на свој терен во 4. коло на Примеира. Гостите славеа со 3:2 и трите гола ги постигнаа од пенал.

Сите три прекршоци за удар од 11 метри ги направи Себастијан Коатес кој трипати го фаулираше Тереми во својот шеснаесетник (6’, 86’ и 90’). При третиот прекршок судијата му покажа на Коатес црвен картон и го испрати во соблекувалната.