Попладнево од 16:30 часот се играат натпреварите од 4.коло во ПМФЛ. Само дербито на колото меѓу Ренова и Вардар закажaно е за утре. Денеска се чини најинтересно ќе биде во Скопје, каде на Арената “Тодор Проески“ домашниот Работнички е под императивот победа.

И токму против лидерот А. Пандев, тим кој има добра традиција против Работнички. Шампионот гостува во Велес, се разбира дека се очекува конечно прва победа сезонава за Шкендија. Но во Велес тешко се игра, тешко се освојуваат бодови, тоа најдобро го знае Вардар.

Во Кратово пак Македонија ЃП која на стартот одигра сосема добро, му гостува на Силекс. Тука секој резултат е можен. Струга Трим Лум покрај Охридското езеро се надева дека ќе победи и со Шкупи, по истиот рецепт како што победуваше дома со Работнички и Силекс.

ДВОЈКИ ЗА 4.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:30 Ч)

СКОПЈЕ: Работнички – А. Пандев

КРАТОВО: Силекс – Македонија ЃП

ВЕЛЕС: Борец – Шкендија

СТРУГА: Струга Трим Лум – Шкупи

УТРЕ – 16:30 Ч

ТЕТОВО: Ренова – Вардар