Прва прволигашка победа на Борец по долги, долги години. И тоа против шампионот. Супер атмосфера во Велес, супер настап на момците на стратегот Горазд Михајлов. По мечот, по таа блескава победа од 1:0, следуваше и победничко селфи од соблекувалната со пораката – Многу сме јакииии…