Борусија Дортмунд разочара во 3. коло на Бундес лигата. Иако влезе како фаворит Борусија падна на гостувањето кај дебитантот во елитата Унион Берлин со 3:1. Откако „милионерите“ имаа две убави шанси за водство, Унион стигна до гол кога Батлер во 22. минута ја погоди мрежата. Сепак, Борусија возврати со гол на Пако Алкасер три минути подоцна, а до крајот на првото полувреме имаше шанси и за пресврт.

Во 50. минута Унион повторно дојде во водство, а повторно Батлер го погоди голот додека Себастијан Андерсон во 75. минута погоди за конечни 3:1.

Интересно е што Батлер ги постигнува првите бундеслигашки голови и воедно првпат во кариерата дава два гола на еден меч.

Борусија е на петтото место на табелата, а лидер е РБ Лајпциг со максимални девет бода. Унион скокна на позиција 10.