Страшна несреќа со смртни последици се случи на патеката „Спа-Франкоршамп“ во Белгија за време на трката во Формула 2. Младиот возач Антоан Убер загина како последица на судар со Хуан Мануел Кореа при брзина од околу 273 км/час.

Од силината на ударот двата болиди се преполовиле, а оној на Кореа се превртел. Според извештајот младиот Французин бил пренесен во болница каде што починал додека Кореа има скршеници на двете нозе меѓутоа е во стабилна состојба. Веднаш по несреќата трката е прекината.

Убер е возач на БВТ Арден и беше осми во севкупниот поредок, а оваа сезона победи двапати – во Монако и Франција.