Шарл Леклер, возачот на Ферари утре на ГП на Белгија, на патеката Спа-Франкошамп, ќе стартува прв. Тој предмалку беше најбрз во битката за пол – позицијата, Тој во третата сесија имаше време од 1:42.519 што беше доволно да биде прв. Втор беше Себастијан Фетел, исто така од Ферари кој во последните метри дојде до побрзо време пред светскиот првак Луис Хамилтон кој утре ќе стартува од третата позиција. Неговиот клупски колега од Мерцедес беше четврти, потоа следуваат Верстапен, Рикиардо, Хулкенберг, Раиконен, Перез, Магнусен…

Треба да се каже дека, ако се гледа што се се случуваше викендов, Ферари утре ќе биде фаворит на ГП на Белгија, на легендарната патека Спа-Франкошамп.