Футсал екипата на Шкупи испиша историја. Нашиот првак вечерва успеа да го победи летонскиот Локомотив со 3:2 и да се пласира во главните клвалификации во ЛШ. Ова е голем успех на клубот. Инаку на Шкупи му требаше и реми, но навистина беше интересно вечерва во Кале со силниот тим на Локомотив. Чаирчани поведоа со 2:0 со головите на Сефери во  4. и Бериша во 15.минута. Следуваше мало опуштање и Локомотив израмни на 2:2 со головите на Рашчевискис во 23. и 32. минута. Но затоа Петровиќ со убав гол во 35.минута донесе еуфорија во салата за победа од 3:2. Можеше да биде и поуверливо, но Шкупи во самиот финиш од средбата не реализира пенал.

Резултати – 3. коло

Енкамп – Кардиф 1:4

Шкупи – Локомотив 3:2

КОНЕЧНА ТАБЕЛА ГРУПА „Б“

1.ШКУПИ      3      3      0      0      18:2          9
2. ЛОКОМОТИВ 3     2      0      1      14:7     6
3. КАРДИФ  3      1      0      2      5:11             3
4. ЕНКАМП       3       0      0      3      5:22   0