Вечерва од 20 часот во салата СРЦ „Кале“, нашиот футсал шампион Шкупи против Локомотив, го игра решавачкиот меч од претквалификациската група во ЛШ. Со оглед на резултатите од првите две кола, секако дека на чаирчани и бод им доволен да бидат пред тимот од Летонија со оглед на тоа дека имаат многу подобра гол разлика.

Но во футсалот тешко се доаѓа до реми, така да Шкупи е решен пред своите многубројни фанови да забележи уште една, трета победа во „Б“ групата, и да покаже дека во оваа конкуренција е најдобар, а со тоа и да испише своја клупска историја во Европа пласирајќи се во главните квалификации во футсал Лигата на Шампионите.