Постојат големи шанси Бруно Акраповиќ да се врати на клупата на Шкендија. Како што дознава СПОРТМЕДИА, босанскиот стручњак бил еден од првите „пикови“ на тричлената работна група која вчера му врачи отказ на Ќатип Османи.Колку за потсетување, Акраповиќ беше во Шкендија од декември 2015 до октомври 2016 година. Ги однесе тетовци во плеј-офот во ЛЕ а исто така и за првпат на Шкендија и ја донесе куп титулата. Си замина по оној пораз од Вардар во Тетово со 0:2 на 23 октоври 2016 година.

Дознаваме исто така дека со Бруно е веќе контактирано, но и тоа дека еден од членовите на таа работна група во Шкендија, или новото тројно претседателство, кое е назначено на местото на Висар Беџети, инсистирал Босанецот да се врати во Тетово. Инаку Акраповиќ во моментов е тренер на Локомотив Пловдив, ова лето имаше долга европска одисеја, беше елиминиран од Стразбур во 3.квалификациско коло во ЛЕ. Вчера во градското дерби со Ботев одигра само 1:1.