Џемаил Ибиши само неколку минути откако влезе во игра, се избор сам за позиција и успеа да погоди во мрежата на Ренова за водство во 65. минута. Сепак, за победата е заслужен и голманот Филип Гачевски кој што успеа во 90. минута да одбрани удар на Гафури и практично ги одбрани трите бода.

Претходно Ренова имаше уште една шанса која не ја искористи.

Во првиот дел Вардар ја погоди и стативата, а Ренова имаше две убави шанси преку Ремзифаик Селмани и Таипи, меѓутоа не го најдоа патот до голот.

Вардар сега се израмни со Ренова на табелата со седум бодови, а по слабиот старт „црвено-црните“ нанижаа две победи по ред.

Одбраната на Гачевски:
#🇲🇰 КЛУБОдиграниПобедиНерешениПоразиДГПГБодови
1Акад. Пандев1173114224
2Вардар1173115424
3Шкупи1144312916
4Македонија ЃП11443131216
5Шкендија1142511714
6Струга ТЛ11425111614
7Ренова1141681413
8Силекс11407121612
9Борец1132691811
10Работнички1131781510