Денеска од 16:30 часот, ќе се одиграат четири натпревари од 2.коло во Втората лига – Исток. Вчера Брегалница со 5:0 го „отвори“ колото против Осогово. Секако дека попладне во центарот на вниманието ќе биде дуелот во Кавадарци, каде домашниот Тиквеш ќе оди на првиот сезонски триумф. Четата на тренерот Димитковски е голем фаворит, но тоа треба да се потврди на теренот.

Во Пехчево, екипата на Кит Го ќе има тешка задача, доаѓа на гости составот на Кожуф, еден од најсилните тимови во оваа конкуренција. Во Каменица екипата на Саса, ќе ги одмери силите против Питу Гули, тим од Крушево кој најави дека нема да игра само епизодна улога во лигата, тука мислиме на оној триумф во Кочани. И на крај во Прилеп играат Победа и Беласица, две екипи кои до пред некој месец играа во Првата лига. Ова не може да биде дерби со оглед на тоа дека Победа е апсолутен аутсајдер на овој меч.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:30ч.)

САСА – ПИТУ ГУЛИ

ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА

КИТ ГО – КОЖУФ

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА

ВЧЕРА:

БРЕГАЛНИЦА – ОСОГОВО 5:0