За подобар настап во групната фаза од Лигата на шампионите, грчкиот тим Олимпијакос денеска ангажираше двајца нови играчи. Едниот е од Алжир и е далеку попознат, додека другиот од Аргентина е малку познат.

Станува збор за Јасин Бензија кој што играше во Лион, Фенербахче и Лил, и сега стави потпис со грчкиот тим. Станува збор за играч од нападот, и има 24 години.

Вториот е Максимилјано Ловера кој доаѓа од тимот на Росарио. Тој игра на позицијата десно крило.

Оваа сезона „црвено-белите“ од Пиреа ги ангажираа Семедо од Виљареал, Хозе Са од Порто, Марковиќ од Партизан, Бруно од ЛАСК Линц, потоа најзвучното име Метју Валбуена од Фенербахче, и уште неколку помалку познати имиња.

Олимпијакос е во група со Баерн Минхен, Тотенхем и Црвена Звезда во групната фаза до ЛШ.