Зинедин Зидан на вчерашната прес-конференција пред дуелот со Виљареал, откри мали детали околу можни трансфери до крајот на преодниот рок.

„Може се да случи до понеделник. Една бомба, две…но, секако најважен е денешниот дуел“, изјави Зидан.

АС денеска пишува дека само еден играч може да биде вистинска бомба во Реал Мадрид, секако станува збор за Пол Погба.

Францускиот стратег во моментов има дефинитиран ростер и дури 26 фудбалери по договор, но дел од нив може да го напуштат тимот во последните 48 часа пред завршување на преодниот рок. Во тој ред се Дијаз, Родригез и Бејл.