Возачот на Ферари Шарл Леклер во третата пол-позиција во кариерата успеа да стигне до првата победа во Формула 1 шампионатот. Младиот Французин триумфираше денеска на ГП на Белгија откако херојски ги издржа нападите на светскиот шампион Луис Хамилтон. А Леклер победата му ја посвети на својот пријател Антоан Убер кој загина вчера за време на трката во Формула 2 шампионатот на истата патека.

„Од една страна мило ми е што победив. Ова го сонував од дете и конечно го остварив. Од друга  страна тешко ми е на срцето. Се борев со емоциите. Тажен сум поради тоа што се случи. Пораснав со Антоан, заедно влеговме во овој спорт и затоа сакам оваа победа да му ја посветам нему“, изјави Леклер.

ЗА ТРАГЕДИЈАТА ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ