Дуелот меѓу Доминиканска Република и Јордан можеби засега е еден од најинтересните мечеви кои се одигра на стартот на Светското првенство чиј домаќин е Кина.

Иако момците од Карибите имаа двоицфрена разлика, на крајот мораа да се „тресат“ до последниот напад. Јордан имаше шут и за продолжение, но не успеаја да реализираат за три поени. На крајот Доминиканска Република славеше со 80-76 во првиот дуел од групата Г.

Во останатите средби, Бразил беше подобар од Нов Зеланд со 102-94 благодарение на можната игра во третата четвртина во групата на смртта во која се наоѓаат Црна Гора и Грција. Турција очекувано немаше проблеми против Јапонија, славеше со 86-67.