Бундес-лигашите го комплетираа второто коло, а во центарот на вниманието се македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Филип Талески, и двајцата имаа одлично неделно попладне.

Магдебург го забележа вториот триумф во низа, на гостувањето кај Лемго ја оправда фаворитската улога, славеше со 24-32 (15-12). Кузмановски имаше скромен, но перфектен учинок, еден гол од еден удар.

Талески пак и Балинген до првата победа сезонава дојдоа откако го совладаа Нордхорн со 25-23 (13-8). И Тале, исто како Фитиљ забележа еден погодок, но од два обиди.

Магдебург е лидер во Бундес-лигата, нема пораз исто како Хановер, Фленсбург, Лајпциг и Кил (има еден меч помалку), Балинген е на 12. место на табелата.