Утре точно во 12 часот, во хотелот „Парк“ во Скопје, е закажан собирот на нашите најдобри фудбалери. Со тоа ќе почнат подготовките за дуелите во квалификациите за ЕВРО 2020 против Израел (05.09) и Летонија (09.09), и на двете гостуваме.

Не се очекува утре сите да се појават, некои ќе патуваат директно во Израел, во Аждод, каде што ќе биде нашата база. По собирот нашите репрезентативци утре попладне, во 18:30 часот, ќе одржат  тренинг на стадионот на ФФМ. Додека во вторник се лета за Израел.

Инаку на селекторот Игор Ангеловски главоболки му задава повредата на Аријан Адеми, еден од нашите клучни играчи во средниот ред. Дали Мрме ќе може да смета на капитенот на Динамо Загреб, останува да се види во текот на утрешниот ден.