Со четвртиот гол сезонава, младиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски и обезбеди вредно реми на екипата на Нитра на гостувањето кај Тренчин во 7. коло на словачката 1. лига.

Нитра беше во очајна позиција по првите 45 минути, откако домашните направија висока предност од 2:0. Сепак, во одличните први 15 минути во второто полувреме, Нитра успеа да дојде до два гола за израмнување. Ристовски го постигна токму израмнувачкиот гол за гостите во 57. минута.

Ристовски пред две кола на мечот со Серед постигна два гола, а со денешниот погодок ја потврдува одличната форма пред настапот за У21 репрезентацијата на квалификацискиот дуел со Фарските Острови закажан за 10 септември.