Нерешените 1:1 се најреален приказ на она што се случуваше вечерва на „Олимпико“ во воведниот меч од денешната програма во италијанската Серија А. Лацио и Рома одиграа без победник, во меч во кој имаше чувство дека и двата тима во прв план гледаа да не загубат. Неколкуте исклучително добри шанси, завршија во стативите и на двата гола.

 

Лацио го доби првото полувреме со голот на Коларов од пенал, додека Лацио возврати во второто преку Алберто за конечни 1:1. Лацио дури постигна гол во послендите секунди од средбата, но на акцијата и претходеше излегување на топката надвор од теренот, по што судијата го поништи голот. И двата римски состави по првите две кола се без пораз, но останува да се види како ќе продолжат со настапите веќе во следното коло, кога „лацијалите“ одат на гости кај СПАЛ, додека Рома дома го пречекува Сасуоло.