Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски останува играч на Металург. Ракометната федерација на Македонија уште еднаш ја потврди одлуката на Арбитражната комисија, која бекот ја обжали.

За потсетување, Танкоски побара раскинување на договорот со Металург, по основ на неисплатени плати и истата беше одбиена и во првиот и во вториот обид.

Тоа значи дека левиот бек треба да го одработи договорот со тимот од Автокоманда до јуни 2020.

Репрезентативецот беше желба на Еурофарм Работник во пресрет на новата сезона во која екипата ќе има премиера и во СЕХА и во Лигата на шампионите, но доколку сака да замине тоа го може само со обештетување.