Иако Севиља имаше интерес за услугите на Столе Димитриевски, сепак, до него нема да дојде затоа што си ангажираше друг голман. Тимот од Андалузија се сомневаше дека Рајо ќе ја намали цената од 5 милиони евра која ја бараше, да го земе.

Меѓутоа тоа не се случи, и затоа Севиља си го зема Јасин Буну, кој доаѓа на позајмица, со можност да се откупи.

Тоа значи дека Димитриевски нема да се пресели во Севиља, а сака да си замине од Рајо затоа што не добива шанса на почетокот на сезоната и засега е во втор план.