По стартната победа над Еибар, екипата на Мајорка го претрпе и вториот пораз во Ла Лига. На гостувањето на „Местаља“, тимот на нашиот репрезентативец Трајковски беше поразен од Валенсија со 2:0.

Домашните добија два удари од белата точка и двата ги претворија во гол, Нашиот репрезентативец беше резерва за Мајорка, но доби шанса во 64. минута од мечот, кога домашните веќе имаа убедлива предност. До крајот резултатот не беше променет, па Мајорка мораше да се помири со вториот последователен пораз во шампионатот.