Возачот на Ферари Шарл Леклер ја забележа првата победа во кариерата во Формула 1 шампионатот откако триумфираше денеска на 13 трка сезонава, на популарната патека „Спа“ во Белгија. Французинот кој стартуваше од пол-позицијата успеа да ги издржи нападите на светскиот првак Луис Хамилтон и да стигне до победата. За разлика од Бахреин кога Леклер на девет круга пред крајот го изгуби водството поради дефект на болидот, сега возилото го служеше, а тој не дозволи да го изгуби лидерското место. Втор заврши Луис Хамилтон од Мерцедес кој, за разлика од Унгарија кога во финишот му ја „украде“ победата на Ферстапен, сега не успеа да го „фати“ Леклер. Му се доближи на три секунди, па на една секунди меѓутоа немаше и простор да го помине.

Победата на Леклер значи и прва победа на Ферари сезонава во најбрзиот шампионат во светот!

Другиот возач на Мерцедес Валтери Ботас заврши како трет, а на четвртото место се пласира Себастијан Фетел од Ферари кој претходно старуваше од второто место.

Трката ја одбележа еден голем инцидент и тоа на стартот на трката. По малиот контакт меѓу возилата на Ферстапен и Раиконен, холандскиот возач удри во заштитниот ѕид и испадна од трката. Веќе во 4. круг испадна и Карлос Сајнц кој не успеа со убав настап да го прослави 25. роденден.

А Леклер најави дека ако победи ќе ја посвети победата на загинатиот Антоан Убер. Си остана на зборот. Младиот Французин загина вчера на „СПА“ по страшен судир за време на трката во Формула 2 шампионатот после страшниот судар со возилото на Американецот Хуан Мануел Кореа. Американецот заврши во болница и после операцијата е во стабилна состојба, додека Убер го загуби животот. ПОВЕЌЕ ЗА ТОА ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ