Поранешниот словачки репрезентативец Мартин Шкртел ја заврши авантурата во италијанскиот прволигаш Аталанта и тоа помалку од еден месец, соопштува „Газета дело Спорт“.

34-годишниот централен бек како слободен играч премина во Аталанта откако го напушти Фенербахче, меѓутоа причините за раскин на договорот не се познати. Постојат две верзии, според едната тој имал здравствени проблеми, а втората е поради тоа што влегол во конфликт со тренерот Џан Паоло Гасперини кој практикува новите фудбалери да подлежат на подолг период на адаптација пред да влезат во првата екипа што не му се допаѓа на Словакот.

А екс-играчот на Тренчин, Зенит и Ливерпул си замина иако не запиша ниту една минута.