Трансфер сагата за Мауро Икарди не е завршена, но нејзиниот крај се гледа.

Аргентинецот не е добредојден во Интер поради непријатни ситуации што се случија во вториот дел од минатата сезона. Иако Икарди се бореше да остане во редовите на италијанскиот тим, па дури и одлучи да го тужи, сепак му стана јасно дека најдобро е да си замине.

По бројните шпекулации, познат е новиот клуб. Станува збор за ПСЖ, во клупските простории е фатена неговата сопруга, Ванда, која е негов менаџер.

Наскоро се очекува францускиот првак и официјално да го промовира како ново засилување.