И Давид Писонеро ќе влезе на онаа група странци во Вардар кој изразил желба да го научи македонскиот јазик. Шпанскиот стратег прес-конференција по повод утрешниот меч со Пекинг во рамките на првото коло во СЕХА-лига ја почна со краток вовед на македонски јазик.

„Добар ден на сите“, рече на македонски, а потоа продолжи. „Се извинувам што не можам да продолжам на вашиот јазик“.

Од Вардар веднаш дополнија дека тој веќе посетува часови по македонски јазик и почнува да го разбира нашиот јазик.

Добро е познато дека секој кој бил дел од македонскиот првак на крајот си заминал побогат за еден јазик. Раул Гонзалез првиот стратег кој му ја донесе европската титулата на Вардар за кратко време веќе се обраќаше на нашиот мајчин јазик, продолжи Парондо, но за разлика од Раул да речеме дека беше повеќе стегнат. Во оваа група влегува и Давид Дејвис, кој на последниот фајнл-фор со нас македонските новинари покажа дека не го заборавил македонскиот јазик.