Најголемата ѕвезда во грчката кошаркарска репрезентација, Јанис Адетокунбо по стартната победа на СП над Црна Гора, истакна дека тимот сè уште не размислува за потенцијална средба со американскиот  Дрим Тим.

„За грчката репрезентација, ништо не е невозможно. Ако дадеме се од себе, ќе успееме. Имаме фантастичен сет на играчи, по генерациската промена во тимот. Сега не размислуваме за можен натпревар со САД, бидејќи наш следен противник е репрезентацијата на Бразил. Треба да се фокусираме на оваа средба. Натпреварот со Американците е далеку“, изјави НБА ѕвездата на нашиот јужен сосед.