Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао е новото засилување на турскиот клуб Галатасарај.

На последниот ден од преодниот рок во Европа, турскиот тим објави дека Фалкао е нивен играч и дека доаѓа во Истанбул на медицински прегледи и за да го потпише договорот.

Фановите на Галатасарај од пладне почнале да се собираат на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, за попладнето 25 илјади навивачи да му посакаа добредојде на Колумбиецот.

Навивачите имаа шалови и маици со неговиот лик, а Фалкао остане изненаден од пречекот кој го доби.