Нејмар останува во ПСЖ и покрај желбата да се врати во Барселона. До денеска се изначитавме најразлични вести поврзани со бразилскиот фудбалер и понудите испратени на адресата на францускиот првак.

Она што знаевме дека ПСЖ не прифати ниту една понуда, а откако француски „Ла Парисиен“ ја откри сумата која изнесува ниту повеќе ниту помалку туку 300 милиони евра. Истата ја одредил првиот човек Насер Ал-Келафи.

На францускиот првак му беше добро познато дека Барселона не може да издвои толкава сума и да ја има, бидејќи ќе го прекрши правилото за финансискиот фер-плеј. Каталонците сакаа во трансферот да ги вклучат Кутињо, па потоа Семед и Дембеле и да искешираат 200 милиони евра. Но, добро познато е дека овој трансфер пропадна.